Благодети на Природата - ЛЕКОВИТИ БИЛКИ
Повеќе ...
Благодети на Природата
ПЕЧУРКИ
ШУМСКИ ПЛОДОВИ
ЛЕКОВИТИ БИЛКИ
Сите страници

                  ЛЕКОВИТИ БИЛКИ

       АЈДУЧКА ТРЕВА(БЕЛА РАДА) (Achillea millefolium ) Ајдучката трева има широка примена. Поради нејзиниот состав се употребува за лечење на болести на желудникот и дебелото црево, жолчката и црниот дроб, го регулира шеќерот во крвта и одличо делува против крварење од хемороиди.

        БОЗЕЛ (Sambikus nigra ) Грмушка или дрво со многу разгрането стебло. На врвот на гранките цветот е собран во вид на чадор со бела или жолто-бела боја и има специфичен мирис. Чајот од цветот предизвикува потење и затоа се употребува против настинка , грип, воспаление на белите дробови и дишните органи, реума.

       ГЛОГ ( Crataegus ohyscantha) Средно висока грмушка со разгрането стебло. Гранките се жилави и тврди и полни со трње. Цветовите се со бела или розова боја собрани во метличесто соѕвездие. Глогот лечи од срцеви заболувања, болести на аортата, го регулира крвниот притисок, го јакне срцето, помага при нервна напнатост, несоница, потење, зуење во ушите, страв, вртоглавица, влијае и на попуштање на грчот на крвните садови.

     КАНТАРИОН(ЗВОНИКА) (Hypericum perforatum ) Кантарионот е билка со ситни ливчиња и развиен цвет со златножолта боја. Се употребува за внатрешно и надворешно лекување. Старите Грци и Римјани го употребувале како средство за прочистување на крвта и за лекување рани. Денес чајот се употребува за подобрување на работата на желудникот и цревата, заболениот црн дроб, за подобрување на мокрењето, бесоница, за регулирање на мензисот, нервната напнатост, камен и воспаленија на бубрези, за ублажување на ишијасот.

    МАЈЧИНА ДУШИЦА ( Thymus serpyllum ) Надземно полегнато растение со тенко стебло, зелени лени ливчиња и цвет со бело-розева или светло-црвенкаста боја. Има јак и пријатен мирис кој оддалеку се чувствува. Мајчината душица влегува во состав на средства против кашлица, а исто така за правење на забни води и пасти. Лекува од бронхијални грчеви и кашлица, воспаленија на дишните органи, вртоглавица.

   КОПРИВА ( Urtica dioica L. ) Повеќегодишна билка која расте по напуштени места , крај патишта, огради, потоци, на пониски и повисоки места. За лекување се користи кај следните болести: крварење од внатрешни органи, реума, алергија, намалување на холестеролот. Едно од најважните лекарски дејства на копривата е што стимулира создавање на црвени крвни зрнца и заедно со високата содржина на железо ја подобрува крвната слика.

 



 
© 2014 Visit Berovo. Сите права задржани.